mojID.mk


Што е mojID.mk?

mojID.mk е првиот македонски OpenID провајдер.


Абе ајде, а што е OpenID?

Сo OpenID технологијата нема повеќе потреба да памтите еден куп кориснички имиња (username) заради тоа што OpenID ја елиминира потребата отпочеток да се регистрирате на секој нов сајт.

Како? Се регистрирате само еднаш на некој OpenID провајдер, на пример mojID.mk и од тогаш насекаде, дури и на сајтовите кои ги посетувате по прв пат, се пријавувате со само едно корисничко име!

Сајтот на кој се пријавувате го контактира вашиот OpenID провајдер и добива потврда дека податоците се исправни и вие може да влезете!


Почекај малку! Значи сите сајтови на кои ќе се пријавам ќе ја знаат мојата лозинка???

НЕ!!!
Тоа е една од најголемите предности на OpenID системот.

Кога се пријавувате на некој сајт го користите само вашето корисничко име! Тогаш накратко ќе ве префрлат кај вашиот OpenID провајдер каде што ја внесувате вашата лозинка. Кога провајдерот ќе потврди дека тоа сте навистина вие, ве враќа на првиот сајт како веќе пријавен корисник.


Не сум баш сигурен, ми делува компликувано.

Можеби делува компликувано додека го читате ова. Меѓутоа во реалниот живот е многу едноставно! Замислете само како наидувате на стотици феноменални сајтови кои бараат регистрација а вие се пријавувате само при првата посета, како да сте стар член. И така секој пат!

Покрај тоа, подобрите провајдери овозможуваат и да одберете дали сакате секој пат да ја внесете лозинката или само првиот пат. Со други зборови, провајдерот го памти сајтот на кој се пријавувате и следниот пат префрлањето до провајдерот е толку брзо што вие нема ни да приметите!


ОК, разбрав. Кажи уште колку чини ова задоволство па да одам понатаму?

OpenID технологијата е апсолутно бесплатна! Доколку наидете на некој OpenID провајдер кој ви бара пари, веднаш напуштете го тој сајт!


Чекај, скроз на скроз бесплатно?

Скроз на скроз бесплатно!


И уште за крај да ми кажеш што е идејата со mojID.mk сајтот?

mojID.mk је првиот македонски OpenID провајдер и во моментов е во завршна фаза на изработка. Заради вашата сигурност потребно е да се исполнат сите OpenID сигурносни барања пред mojID.mkпровајдерот да биде пуштен во употреба.

Затоа ве молиме за трпение и да почекате пред вашето глобално корисничко да биде регистрирано кај првиот македонски OpenID провајдер: mojID.mk.

Исто така Огнен Басаровски е наименуван за официјален OpenID претставник за Македонија.
Oстварено е и партнерство со словенечкиот, mojID.com и српскиот mojID.rs OpenID провајдер.


Во ред, дај ми сега други OpenID линкови за да читам понатаму?

  • Официјалниот OpenID сајт: OpenID.net
  • Свет Компјутера околу OpenID технологијата: СК: OpenID чланак (на српски)
  • Првиот OpenID провајдер на светот: MyOpenID.com (на англиски)
  • Барај OpenID: Demand OpenID



Авторски права © 2011-2012 Basarovski.com. Сите права задржани.